Избрани партии и спомени

Избрани партии и спомени е шаховска книга од рускиот и советски велемајстор и познат шаховски автор Григори Левенфиш. Книгата претставува збирка на најдобрите и поучни партии на авторот против неговите современици, меѓу кои соаѓаат и светските прваци Ласкер, Капабланка и Алехин, но и други силни шахисти како Рубинштајн и Тараш. Воведната содржина и приодот кон анализата на партиите е исполнета со силни автобиографски елементи. Книгата е издадена посмртно, во 1967 година и е напишана на руски јазик.

Избрани партии и спомени
Корица на книгата
АвторГригори Левенфиш
Изворен насловИзбранные партии и воспоминания
ЗемјаСССР СССР
Јазикруски

Содржина уреди

Делото всушност претставува автобиографија, во која авторот се обидува на читателот да му ги пренеси најсилните моменти од својот живот, како шахист. Хронологијата на настаните е сочувана, па книгата започнува со почетна глава, во која авторот ги опишува своите најрани години како ученик и студент и неговите први шаховски чекори. Главите во продолжение, всушност претставуваат фази во животот на Левенфиш, кој на одличен начин ја избрал нивната должина.

Особено внимание е обрнато на главата посветена на достигнувањата на авторот во периодот од 1925 до 1936, во кој тој ги постигнал најдобрите своите резултати, кои вклучуваат победа на првенството на Советскиот Сојуз и други забележителни настапи на големите турнири.

Стил на пишување уреди

Григори Левенфиш важи за еден од најдобрите шаховски автори, а делото „Избрани партии и спомени“ е едно од најголемите негови дела, па стилот на пишување е на многу високо ниво. Содржината е поделена на глави, кои претставуваат фази од животот на авторот. Силните натпревари на коишто играл авторот се наведени како наслови во секоја глава, во чии рамки е извршена анализа на предавањата. Од техничка гледна точка, секоја партија е претставена на дијаграм, на кој обично се претставени критичните позиции во партиите.

Надворешни врски уреди