Изборна единица 2

изборна единица во Македонија

Изборната единица 2 е е една од шесте изборни единици во Македонија. Оваа изборна единица опфаќа општини од Град Скопје и северна Македонија. На парламентарните избори од оваа изборна единица се избираат дваесет пратеници за Собранието на Македонија.

Општини уреди

 

Изборната единица 2 опфаќа територија на 10 општини:[1]

  1. Општина Бутел
  2. Општина Гази Баба
  3. Општина Ѓорче Петров
  4. Општина Чаир (дел)
  5. Општина Шуто Оризари
  6. Општина Арачиново
  7. Општина Липково
  8. Општина Куманово (дел)
  9. Општина Старо Нагоричане (дел)
  10. Општина Чучер-Сандево

Вкупен број на гласачи уреди

  • 2002: 279.717
  • 2006: 295.523
  • 2008: 303.120
  • 2011: 312.720
  • 2014: 306.067

Наводи уреди

Поврзано уреди