Игор Костенко (31 декември 1991 - 20 февруари 2014) — украински новинар, активист и википедијанец, убиен за време на Евромајдан протестите.,

Смрт уреди

Костенко заминал за Киев на 18 февруари за да учествува на демонстрациите познати како Евромајдан, про-западно движење коие настанало откако владата на Украина одбила да ја ратификува одлуката за да се приклучи на Европската унија. Тој им се придружил на неговите пријатели од Лвив во градење барикади за заштита на демонстрантите. Судирот помеѓу демонстрантите и полицијата се интензивирал во доцните часови на 19 февруари кога снајперисти почнале да отвораат оган према демонстрантите. На 20 февруари 2014 година, телото на Костенко било најдено на улица во близина на Октомвриската палата. На неговото тело имало рани од куршуми на главата, во пределот на срцето и на нозете. Ден после неговата смрт, неговиот пријател Јуриј Мурин го раскажал нивниот последен разговор „тој ми ѕвонеше вчера но не слушнав. Му ѕвонев денеска но тој не се јави. Не можам да разберам.“

Одликување уреди

На 21 ноември, 2014 година, заедно со други активисти убиени за време на Евромајдан, Костенко посмртно бил одликуван како „Херој на Украина“, најголемата награда која граѓанин на Украина може да ја добие. Костенко во 2014 исто така бил одликуван како Википедијанец на годината. Магазинот на Министерството за образование и наука од Украина посмртно го одликувале Костенко како „студент на годината“.