Ивица Брчиоски - рок-гитарист, член на групата „Ареа“.

Животопис уреди

Ивица Брчиоски е роден во Гостивар каде на прославата на матурата ја запознал Ружица Милошеска. Тогаш започнала нивната долга врска, која подоцна ја озакониле со брак. Двајцата ја имаат ќерката Елена. Покрај музичката кариера, во текот на 10 години, Ивица работел во Основниот суд во Гостивар.[1]

Наводи уреди

  1. Андријана Андова, „Љубовната приказна ни почна на матурската вечер“, Антена, број 839, 25.7.2014, стр. 5.