Иван Илиев Џолев (28 август 1908 во Голешово, Пиринска Македонија, Бугарија[1]1996 во Бугарија) — македонски активист. Жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.[2]

Иван Џолев
Роден 28 август 1908 година
Голешово, Пиринска Македонија, денеc Бугарија
Починал 1996 година
Националност Македонец

Животопис уреди

Иван бил верен јатак на илегалната чета на Герасим Тодоров. Помагал со се што можел и затоа му била изречена смртна пресуда. Подоцна смртната пресуда му била заменета со доживотна казна затвор. Според Крум Монев, тој бил вистински Божји слуга, а не лицемерен дволичен свештеник. За време на маченичките испитувања во кабинетите на бугарското МВР, негови најжестоки мачители биле крвожедниот Георги Давидов-Графот, Богданов, Жоро и други.[2]

Негови мисли уреди

Заради слободата на Македонија јас сум готов да ме осудат, ако тоа е возможно, уште сто пати на смрт, сто пати да ме бесат и да ме оковаат со толкави железни вериги, за колку што може да се најде место на моето мршаво тело.

Тој важел за бескомпромисен заштитник на македонската кауза. Во затворите одлежал осум и пол тешки и мачни години.[2]

Наводи уреди

  1. Стојков, Стојко (2014). Табу (PDF). Благоевград: ДРУЖЕСТВО НА РЕПРЕСИРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ В БЪЛГАРИЯ. стр. 101.
  2. 2,0 2,1 2,2 Монев, Крум. Зловещата - 1948 год. за Пиринска Македония. Горна Џумаја. стр. 25–26.