Иванчице

град во Јужноморавската област, Чешка
49°6′5.2″N 16°22′39.07″E / 49.101444° СГШ; 16.3775194° ИГД / 49.101444; 16.3775194

Иванчице (чешки: Ivančice; германски: Eibenschütz) — град во Јужноморавскиот крај, Чешка, 21 км југозападно од Брно. Населението брои околу 9.300 жители. Се наоѓа на местото кајшто се слеваат реките Ослава, Јиглава и Рокитна.

Иванчице
Ivančice
град
Поглед на плоштадот Палацки
Знаме
Грб
Земја Чешка
Крај Јужноморавски
Округ Брно-предградие
Општина Иванчице
Височина 210 м
Координати 49°6′5.2″N 16°22′39.07″E / 49.101444° СГШ; 16.3775194° ИГД / 49.101444; 16.3775194
Површина 47,57 км2
Население 9.576 (2006-10-02)
Густина 201 /km² (521 /sq mi)
Првпат спомнат 1221
Градоначалник Војтјех Адам
Часовен појас CET (UTC+1)
 - лете (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Поштенски бр. 664 91
Местоположба во Чешка
Местоположба во Чешка
Местоположба во Чешка
Местоположба во Чешка
Местоположба во Чешка
На Ризницата: Иванчице
Статистики: statnisprava.cz
Портал: ivancice.cz

Историја уреди

Местото за првпат се споменува во 1221 г., а во 1288 г. добива статус на кралско место. Во XV век преоѓа во сопственост на семејството фон Липа и останува во негово владение сè до Битката на Бела Гора (1620). Во XVI век Иванчице бил важен центар на евангелистичката заедница „Братско единство“. Во градот работел епископот на братството, Јан Благослав, кој бил и истакнат хуманист и јазичар. За време на Триесетгодишна војна во Иванчице насилно е повратен католицизмот и градот ја изгубил дотогашната важност.

Во градот има музеј посветен на глумецот Владимир Меншик (1929-1988). Иванчице е познато и како родно место на истакнатиот сликар и графичар Алфонс Муха (1860-1939)

Демографија уреди

Население низ времето[1]
1869 1880 1890 1900 1910 1921 1930 1950 1961 1970 1980 1991 2001 2011[2]
6 796 6 513 6 989 7 265 7 777 7 999 8 513 8 040 8 154 8 558 9 746 9 448 9 350 9 468

Галерија уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди