Ибни Чини
Местоположба уреди
Маалото се протегало источно од Бит-пазар. Од плоштадот Македонија било оддалечено 1100 метри североисточно.
Историја уреди
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 27 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 64 мажи муслимани, со 2 новороденчиња. Исто така имало и 10 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 152 жители.[1]
Сегашност уреди
Во јужниот дел на некогашното маало се наоѓа Иса-беговата Џамија и ЈЗУ Здравствен Дом, низ средината поминува булеварот „Никола Карев”, со сите свои приклучоци, додека пак на север сѐ уште има куќи.
Наводи уреди
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.