Зраци (Михаил Ренџов)

„Зраци“ — збирка поезија на македонскиот поет Михаил Ренџов, објавена во 2023 година од издавачката куќа „Метаноја“.

За делото уреди

Промоцијата на стихозбирката се одржала на 22 март 2023 година во литаратурното кафе „Метаноја“ во Скопје, а промотори на книгата биле Владимир Мартиновски и Коста Милков. Во својот осврт кон делото, Мартиновски го опишал како „вчудовидувачки екстракт од неговото раскошно поетско искуство... Секоја песна, секоја минијатура е еден нов зрак поетска светлина. Како поклоник на аксетски строгиот поетски израз... во секој стих е компримирана огромна творечка енергија, а песните се едновремено и едноставни и повеќеслојни. Песните на Ренџов се сочинети само од неколку збора, но благодарение на несомнената вдахновеност и врвното поетско мајсторство, во секоја нова лирска минијатура преку лаконски пласираните стихови и поетски слики нè пречекува ново изненадување.“ Вториот промотор, Коста Милков, истакнал дека пенсите од збирката биле создадени во текот на неколку децении и ја отсликуваат „филозофијата на Животот“ на авторот. [1]

Наводи уреди

  1. „Од зборови до зраци“, Слободен печат, година XI, број 2811, сабота-недела, 25-26 март 2023, стр. 16.