Зоран Дамјановски

Зоран Дамјановски (5 јуни 1956, Куманово) — македонски политичар од редовите на СДСМ и градоначалник на Општина Куманово во периодот од 2005 до 2017 година.

Зоран Дамјановски
Градоначалник на Општина Куманово
На должноста
2005 – 2017
Претходник Слободан Ковачевски
Наследник Максим Димитриевски
Лични податоци
Роден(а) 5 јуни 1956
Куманово
Националност Македонец
Партија СДСМ
Установа Медицински факултет - Скопје
Професија доктор
политичар

Основно образование и гимназија завршил во Куманово, а медицински факултет во Скопје во 1981. Магистрирал гинекологија во Загреб и Љубљана во 1987 година. Специјализирал гинекологија и акушерство во Скопје во 1991 година. Градоначалник на Општина Куманово станал на локалните избори во април 2005 како кандидат на коалицијата „За Македонија заедно“. Дамјановски е сопруг и татко на три деца.[1]

Наводи уреди