Значајно културно-историско место на Кина

Значајно културно-историско место на Кина[1] (кин. упр. 全国重点文物保护单位, трад. 全國重點文物保護單位; пинјин: Quánguó Zhòngdiǎn Wénwù Bǎohù Dānwèi) — споменик во НР Кина од културно уметничко, научно или историско значење под заштита на Државната управа за културно наследство во состав на Министерство за култура. Имаат посебен статус меѓу заштитените добра и се разликуваат од останатите нивоа на заштита поради нивното големо значење за земјата во целина. Нивното уривање е строго забрането без изречена согласност од управата.[1]

Значајно културно-историско место на Кина

Храм на небото — меѓу првите заштитени културно-историски добра во Кина
Упростено 全国重点文物保护单位
Традиционално 全國重點文物保護單位
Буквално: Заштитена единица на државен културен објект од клучно значење

Numbers уреди

Во 1999 г. постоеле 350.000 недвижи културни добра, од кои 70.000 уживале заштита на некое ниво, покрај 10.000.000 движни добра во државните установи.[2] Од сите нив, 4.295 се заштитени места од државно значење (октомври 2013).

Нивоа на заштита уреди

Заштитените места од културно-историско значење (文物保护单位) можат да бидат од следниве нивоа (степени) на заштита:[3]

  • Значајни историски и културни места заштитени на државно ниво (全国重点文物保护单位)
  • Историски и културни места заштитени на покраинско ниво (省级文物保护单位)
  • Историски и културни места заштитени на ниво на град поделен на реони или автономен регион (设区的市、自治州级文物保护单位)
  • Историски и културни места заштитени на ниво на околија (县级文物保护单位)


Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Закон за заштита на културното богатство на НР Кина“. Државна управа за културно наследство. 28 октомври 2002. Архивирано од изворникот на 2012-05-01. Посетено на 12 март 2012. (англиски)
  2. „Културно богатство во ризик: Кина“. ICOMOS. Посетено на 27 април 2012. (англиски)
  3. „Уредба за спроведување на Законот за заштита на културните добра на НР Кина“. Државна управа за културно наследство. 18 мај 2003. Архивирано од изворникот на 2012-03-19. Посетено на 12 март 2012. (англиски)

Надворешни врски уреди