Знамето на Тунис е првпат усвоено во 1831 во времето на бегот Хасан I. По тоа дошло до помали измени. Ова знаме не е користено за време на текот на колонизацијата на Франција. По стекнувањето на независноста, Тунис повторно го усвил ова знаме.

Знамето на Тунис

Се состои од црвена основа на која во средината се наоѓа бел круг со црвена ѕвезда и полумесечина. Ова е симбол на поврзаноста со Отоманското Царство од кое Тунис бил дел, но исто така е традиционален симбол на исламот. Исто така се смета дека овој симбол носи среќа.

Поврзано уреди