Знаме на Република Кина

Знамето на Република Кина или попозната како Тајван е официјалното знаме на оваа држава. Знамето станало официјално во 1928 година. Знамето е составено од црвена позадина каде во горниот лев агол има син квадрат со приказ на бело сонце. Сонцето има дванаесет краци што ги симболизираат 12 месеци во годината и 12 часа според кинеското учење. За разлика од првичното знаме, во новото се додала црвената боја за да ја симболизира крвта на револуционерите. Сината боја претставува национализам и слобода, белата демократија и еднаквост и црвената братство и соживот.

Знаме на Република Кина.
Првичното знаме на Тајван.

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди