Знаме на Лужичките Срби

знаме

Знаме на Лужичките Срби (горнолужички: Serbska chorhoj; долнолужички: Serbska chórgoj) – знаме на Лужичките Срби. Како и кај доста словенски знамиња и лужичкосрпското знаме има пансловенски бои, кои потекло имаат во пансловенското движење кое се појавило во 19 век во Европа.


Знаме на Лужички Срби
}}
Употреба граѓанско знаме граѓанско знаме Симбол на Лужичките Срби
Сразмер 2:3
Усвоено 1842/1848
Опис Хоризонтална тробојка сина, црвена и бела боја

Историја уреди

Лужичкосрпското знаме за првпат се споменува во 1842 година. Во јуни 1848 година, на Првиот сесловенски конгрес во Прага, застапниците на Лужичките Срби за свој симбол го прогласиле сино-црвено-белото знаме.[1]

Нацистичката власт во Германија во 1935 година го забранила знамето. На 17 мај 1945 година била основана лужичкосрпската организација „Домовина ” која повторно почнала да го користи знамето.[1]

Во законодавството на Германија не се споменува знамето на Лужичките Срби, но советите на Котбус и Дрезден дозволиле нејзино истакнување во посебни прилики.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Лужицкие сербы: Тысяча лет противостояния ассимиляции“. Архивирано од изворникот на 28 мај 2013.