Знаме на Американските Девствени Острови

Знамето на Американските Девствени Острови е официјалното знаме на оваа територија на САД. Знамето било усвоено во 1921 година.


Знаме на Американски Девствени Острови
}}
Усвоено 1921
Опис Стилизиран грб на САД со буквата В (V) од левата и буквата И (I) од десната страна.

Опис уреди

Знамето е составено од бела позадина на која има приказ на поедноставена верзија на грбот на САД со две букви во сина боја од левата и десната страна. Во централниот дел се наоѓа американскиот орел во златна боја и поедноставна форма. Во едната канџа орелот држи лаворово гранче во зелена боја, а во другата има три стрели во сина боја, кои ги претставуваат трите главни острови во земјата. На градите на орелот се наоѓа американскиот штит. Од левата страна на орелот стои сина буква И или на латински V, која го претставува зборот Девствени или на англиски Virgin, а од десната страна стои буквата И или на латински I, која го претставува зборот Острови или на англиски Islands. Жолтата боја ја симболизира територијата и цвеќињата, зелената боја ги симболизира ридовите, белата ги симболизира облаците и сината ја симболизира водата.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди