Злетовски манастир

манастир во близина на селото Злетово

Злетовски манастирманастир во Злетовско-пробиштипско, во источниот дел од Македонија. Се наоѓа на падините на Осоговските Планини, во месноста Марена, на околу 5 км од селото Злетово, непосредно на левата страна од Злетовска Река. Претставува метох на Лесновскиот манастир.[1][2]

Злетовски манастир
Поглед на манастирските конаци
Информации
Целосно имеЗлетовски манастир
Други имињаМанастир „Св. Богородица Балаклија“
Манастир на:МПЦ - ОА
Основан2010
Посветен наБогородица Марија
ЕпархијаБрегалничка
ЦрквиЦрква „Св. Богородица Балаклија“
Личности
Место
Местово близина на Злетово, Општина Пробиштип Македонија Македонија
Координати42°00′50.6″N 22°15′34.7″E / 42.014056° СГШ; 22.259639° ИГД / 42.014056; 22.259639
Видливи остатоци1 црква, конаци
Отворен за јавностада
Други информации(Злетовска парохија)

Историја уреди

Манастирот бил осветен од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан на 16 мај 2010 година, а на церемонијата на осветувањето присуствувале надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, претставници на Владата на Република Македонија и верници од повеќе градови во Македонија. Во своето обраќање, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан споменал дека на местото некогаш постоел манастир посветен на Пресвета Богородица и дека во него живееле и се молеле монаси. Планирано било монашкиот живот да се врати во новоизградениот манастир. Ктитор на манастирот е пратеникот во Собранието на Република Македонија Чедо Петров од Пробиштип, кому во знак на благодарност му бил доделен Орден на Брегалничката епархија со ликот на Свети Никола.[1][2]

Градби уреди

Во склоп на манастирот спаѓаат манастирската црква, конаците и мал помошен објект.

Црква „Свети Богородица Балаклија“ уреди

Црквата се наоѓа во средишниот дел од манастирот. Градбата има правоаголна основа и по својот облик претставува крсто-куполен храм, при што куполата има осумаголна основа и на секоја од осумте страни има монофора. Целата градба е покриена со ќерамиди. Камбанаријата на црквата е сместена од десната страна на нејзиниот заден дел.

Конаци уреди

Во конаците било планирано да се обнови монашкиот живот кој се верува дека постоел во манастир кој некогаш се наоѓал на истото место.

Галерија уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди