Зелник — традиционално македонско јадење, коешто се состои од тенки слоеви на кори, полнети со сирење, јајца, праз, киселец или мелено месо. Во текот на зимскиот период, зелникот може да биде исполнет со зелка или спанаќ. Зелникот обично се послужува топол и со јогурт.

Зелник
Зелник
Зелник
Дел од оброкотглавно јадење
Место на потеклоМакедонија
РегионБалкан
Главни состојкикори, сирење, јајца, праз, спанаќ, зелка, киселец, мелено месо
Варијантиповеќе

Освен во македонската, зелникот се среќава и во кујните на другите балкански земји.

Потекло на поимот уреди

Поимот „зелник“ потекнува од зборот „зелје“ и се однесува на главните состојки од кои истиот се приготвува.

Слични јадења уреди

Зелникот е сличен на јадењето „зелен бурек“ (турски: yeşil börek), коешто е распространето во Турција и Средна Азија. За разлика од зелникот, зелениот бурек се приготвува за празници и феситвали, а се послужува со кефир. Кората и слоевите на зелениот бурек се потенки и полнети со други состојки.

Галерија уреди

Поврзано уреди