Зграда на Општина Кочани

седиште на Општина Кочани

Зграда на Општина Кочани — седиштето, односно административната зграда на Општина Кочани, Кочани.

Зграда на Општина Кочани
Зградата во 2023 година
Карта
Општи податоци
Видзграда
Адресаул. „Раде Кратовче бр. 1“
ГрадКочани
Земја Македонија
Почната1932
СопственикОпштина Кочани
Технички податоци
Катови2

Местоположба уреди

Зградата се наоѓа во средиштето на Кочани, на ул. „Раде Кратовче бр. 1“.[1]

Историја уреди

Изградбата започнала во 1932 година.[2] До 1939 година, изградбата уште била во тек.[3]

Во мај 2017 година, започнале активностите за обновување на надворешноста. Тоа било преку проектот „Зелени згради за заедничка зелена иднина“ кој бил финансиран од Интерег ИПА – програмата за прекугранична соработка Македонија-Бугарија. Вкупната вредност на проектот бил 398 илјади евра.[4]


Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „СТАТУТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ“. Општина Кочани. Архивирано од изворникот на 23 април 2021. Посетено на 21 септември 2023.
  2. Александра (8 ноември 2012). „Собрание на Општина Кочани“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот на 14 јули 2013. Посетено на 21 септември 2023.
  3. Александра (3 ноември 2012). „Изградба на општинската зграда“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот на 13 јуни 2013. Посетено на 21 септември 2023.
  4. „Реконструкција на административната зграда во општина Кочани“. a1on.mk. 19 мај 2017. Архивирано од изворникот на 21 септември 2023. Посетено на 21 септември 2023.

Надворешни врски уреди