Зграда на Народна одбрана

зграда и споменик на културата во Струга

Зграда на Народна одбрана, позната и како Зграда на царинарницата — административна зграда во градот Струга, прогласена за значајно културно наследство на Македонија под називот Архитектонски објект на ул. „Партизанска“.[1]

Зграда на Народна одбрана
Поглед на зградата
Карта
Зграда на царинарницата
Општи податоци
СтатусСпоменик на културата
Видуправна зграда
Стилмодернизам
Адресаул. „Владо Малески“ б.б.
ГрадСтруга
Земја Македонија
Завршена1943
Технички податоци
Катови3

Историја уреди

Зградата е сместена на улица „Владо Малески“ б.б. (поранешна „Партизанска“), во непосредна близина на устието на реката Црн Дрим во Охридското Езеро и Мостот на поезијата. Била изградена во 1943 година за време на Втората светска војна од Италијанците како царински терминал на тогашната граница со Албанија. По завршетокот на војната, од 1945 до 1953 година зградата служела како команден центар на ЈНА. Во 1953 година, била предадена на туристичката агенција „Турист“, која ја претворила во хотел „Галеб“. Во 1965 година, станала зграда на Општина Струга, каде бил сместен претседателот на општината, народната одбрана и други одделенија.[2] Денес таа продолжува да се користи како испостава на Министерството за одбрана и го има задржано колоквијалниот назив „Народна одбрана“.

Архитектура уреди

Градбата првично се состоела од приземје и кат. Во 1953 година, при пренамената во хотел дограден е уште еден кат и висок тавански простор со кружни отвори на фасадата. Приземните делови насочени кон езерото биле урнати, и пред средишниот дел бил изграден ресторан од камен со големи дрвени прозорски отвори. Конструкцијата на градбата е од тула, меѓукатната и покривната конструкција се дрвени, а покривот е повеќеводен со ќерамиди.[2]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. 2,0 2,1 „Архитектонски објект Министерство за одбрана – п.е. Струга во Струга“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-10-02. Посетено на 2 октомври 2017.