Зграда на Министерството за култура (Скопје)

управна зграда на Министерството за култура и споменик на културата

Зграда на Министерството за културазграда во скопската населба Дебар Маало. Таа е управна зграда на Министерство за култура. Таа е прогласена за Споменик на културата.[2]

Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 115
Зградата во 2023 година
Карта
Општи податоци
СтатусСпоменик на културата (1998 и 04.02.2016)
Адресаул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61
ГрадДебар Маало, Скопје
Земја Македонија
Завршена1927
СопственикМинистерство за култура (2005-)
Технички податоци
Катови3 + полуподрум
Подна површина2000 м2[1]

Историја уреди

Зградата била подигната во 1927 година, за потребите на тогашното Министерство за шуми на Кралството СХС.[1]

Во социјалистичкиот период, градбата била користена најповеќе за воени цели, каде бил сместен и командниот гарнизон. Во 1998 година, зграда била прогласен за споменик на културата.[1]

Во 2005 година, во времето на министерот за култура Благој Стефановски, зградата била предадена во употреба на Министерството за култура.[1]

Зградата била прогласена за значајно културно наследство врз основа на Уп. бр. 18-429/2015 од 4 февруари 2016 година.[2]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Борис Јурмовски (5 април 2022). „Министерство за Култура /фотогалерија/“. marh.mk. Архивирано од изворникот на 18 мај 2022. Посетено на 11 мај 2024.
  2. 2,0 2,1 „Регистрирани недвижни добра по надлежност на националните установи“ (PDF). Управа за заштита на културното наследство на Македонија. февруари 2023. стр. 49. Архивирано (PDF) од изворникот 2023-04-07. Посетено на 7 декември 2023.

Надворешни врски уреди