За телото и душата

За телото и душата (унгарски: Teströl ès lèlekröl) - унгарски филм од 2017 година во режија на Илдико Ењеди (Ildyko Enyedi), која е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Александра Борбељ (Alexandra Borbely), Геза Морчањи (Geza Morcsanyi), Река Тенки, Золтан Шнајдер (Zoltan Schneider) и Ервин Наѓ. Филмот бил добитник на „Златна мечка“ и на наградата ФИПРЕСЦИ на Берлинскиот филмски фестивал во 2017 година, на Европските филмски награди, Борбељ ја освоила нагадата за најдобра глумица, а исто така бил унгарски кандидат за „Оскар“.[1][2]

Ildikó Enyedi на филмската прес-конференција во Берлин

Синопсис уреди

Филмот претставува неконвенционална љубовна приказна за двајца интровертни луѓе: Ендре (го игра Борчањи) е директор на фабрика за месни производи во која се вработува Марија (ја игра Борбељ) како контролорка на квалитетот. Вработените во фабриката се принудени да полагаат психолошки тест и тогаш се открива дека Ендре и Марија сонуваат ист сон - се среќаваат во шумата како елени и се вљубуваат еден во друг. На почетокот, двајцата се збунети и не можат да поверуваат дека е тоа можно, но кога сфаќаат дека тоа е вистина, тие постепено се зближуваат. Меѓутоа, кога Ендре ќе се обиде да воспостави поблизок однос, Марија се оддалечува, зашто таа не е навикната на физички контакт со луѓето. Сепак, таа ја сфаќа својата грешка и се обидува да изврши самоубиство така што ја сече вената на раката, но токму тогаш ѝ се јавува Ендре, двајцата си кажуваат дека се сакаат и така таа останува жива. Тогаш, тие имаат сексуален однос и спијат заедно, а утредента сфаќаат дека повеќе не го сонуваат заедничкиот сон.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Кинотека на Република Северна Македонија, Програма мај 2019.
  2. kinoteka.mk (пристапено на 15.10.2019)