Захарија Шумљанска

Захарија Василева Шумљанска (15 мај 1864 во с. Могила, Битолско - 1937) — македонски просветен работник, добротвор од времето на македонската револуционерна борба. Завршила гимназија во Пловдив во 1885 г. Долгогодишна учителка е во Воден, Едрене, Скопје, Солун и др. Ја помага ослободителната борба на населението во Македонија. По Илинденското востание организира сиропиталишта за децата на настраданите дејци во востанието. По Балканските војни живее во Софија и активно се занимава со добротворна дејност. Умира во 1937 г.[1]

'
Родена Захарија Василева Шумљанска
15 мај 1864
Могила, Битолско
Починала 1937
Софија, Бугарија

Во нејзина чест стои забележителен споменик во селото Могила.

Наводи уреди

  1. Софиска Народна библиотека „Св. Св. Кирил и Методиј“, белешки: к. 42, а.е.66, л. 33-50.