Западно крило(англиски: The West Wing) е американска телевизиска драмска серија создадена од Ерон Соркин, емитувана од 1999 до 2006. Серијата е сместена во западното крило на Белата Куќа, а тоа е локацијата на овалната канцеларија и канцелариите на претседателскиот персонал, за време на фиктивната демократска администрација на Џосаја Бартлет (Мартин Шин).

Западно крило
Создадена одЕрон Соркин
УлогиАлан Алда
Стокард Шанинг
Кристин Ченоует
Дуле Хил
Алисон Џени
Моира Кели
Роб Лоу
Џошуа Малина
Мери Мекормак
Џанел Молуни
Ричард Шиф
Мартин Шин
Џими Смитс
Џон Спенсер
Бредли Витфорд
Земја на потекло САД
Бр. на епизоди156 (вклучувајќи две специјалки)
Производство
Времетраење42 минути
Прикажување
Првична мрежаNBC‏‎
Првично прикажување22 септември 1999 – 14 мај 2006
Надворешни врски
Мрежна страницаnbc.com/The West Wing/

Западно крило е продуцирана од Ворнер Брос. Премиерно е емитувана на NBC‏‎ и во десетици други земји. Заврши на 14 мај 2006, по седум реализирани сезони. Кај нас се емитува на Сител телевизија.

Серијата има добиено позитивни критики од критичари, професори по политички науки и поранешни вработени во Белата Куќа. Западно крило има освоено 2 златни глобуси и 26 еми награди (од кои 4 по ред (2000-2003) за најдобра драмска серија).

Дејство уреди

Западно крило, како и повеќето серијализирани драми, има развлечени приказни кои траат по епизоди или сезони, но покрај овие подолги приказни, во секоја епизода има кратки случаи кои почнуваат и завршуваат во една епизода.

Повеќето епизоди го следат претседателот Бартлет и неговиот персонал како се справуваат со некои правни или политички проблеми. Една типична епизода го следи денот на претседателот и персоналот, од што произлегуваат повеќе настани поврзани со некоја одредена тема.

Еволуција уреди

Западно крило е развиена од филмот Американски претседател од 1995, за кој Ерон Соркин го напиша сценариото. Неискористени приказни за филмот, како и некои предлози од Акива Голдсмен, го инспирираа Соркин да ја создаде Западно крило.