Во изборните системи, залуден глас е секој глас што не добива застапеност во конечниот изборен исход.

Изгубени гласови т.е. гласови кои не учествувале во распределба на мандатите на парламентарните избори во Македонија во 2020

Терминологија уреди

Постојат два типа на залудни гласа:

  • Вишокот на гласови што кандидатот ги добива над потребните за да биде избран.
  • Изгубените гласови кои не се доволни за освојување на мандат.

Понекогаш терминот „залуден глас“ се користи како синоним за „изгубените гласови“, додека друг пат се користи за збирот од изгубените и вишокот на гласови.

Пример уреди

На избори кандидатите A, B и C добиле 6000, 3100 и 701 гласови, соодветно.

Доколку изборниот модел е мнозински, и се освојува само еден мандат, кандидатот A го има мнозинството гласови и е избран. Залудни гласови се:

  • Сите 3801 гласа за кандидатите B и C, бидејќи не учествуваат во изборот на кандидатот и тие се „изгубени“
  • Во поширока дефиниција, вишокот од 2899 гласа за кандидатот A се залудни, бидејќи тој ќе победел и со 3101 глас. Оттука, 6700 од вкупно 9801 се залудни.

Доколку изборниот модел е пропорционален, и се избираат на пр. 12 мандати, а нивната распределба се врши според Донтовиот метод, тогаш мандатите ќе бидат распределени на следниот начин 8-4-0 за A-B-C. Залудни гласови се:

  • Сите 701 глас за партијата C, која не освоила ниту еден мандат.
  • Во поширока дефиниција, залудни се исто така и:
    • 399 гласа за A, бидејќи A сè уште ќе добиела осум мандати со 5601 гласа наспрема 3100 и 701 (со 5600 гласа за A, последниот мандат ќе го добие C)
    • 299 гласа за B