Заливот Парну е залив во североисточниот дел на Ливонскиот Залив (Ришки Залив), во јужна Естонија.

Залив Парну
Координати58°18′00″N 24°24′00″E / 58.30000° СГШ; 24.40000° ИГД / 58.30000; 24.40000
Речни извориПарну
Океански/морски извориРишкиот Залив, Балтичко Море

Географија уреди

Има површина од 411км2.[1] Максималната длабочина во устието на заливот е 12 м.[2] Бреговите се ниски, на некои места песочни. Соленоста на водата во заливот е 0-0,8 промили во пролет и до 5,5 промили во есен.

Во заливот се влеваат неколку реки, од кои најголема е реката Парну.

Заливот е исто така најважното крајбрежно риболовно подрачје на Естонија.[2]

Наводи уреди

  1. Pärnu River Basin Management Plan Retrieved May 8, 2015.
  2. 2,0 2,1 „Pärnu laht“. Eesti Entsüklopeedia (Estonian). Архивирано од изворникот на 1 May 2018. Посетено на 8 May 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)