„Задарски мементо“ — југословенски филм од 1984 година, во режија на Јоаким Марушиќ посценариото на Мартин Итковиќ. Главните улоги ги играат: Лазар Ристовски, Здравка Крстуловиќ, Мустафа Надаревиќ, Милан Штрљиќ, Алма Прица, Мира Фурлан, Власта Кнезовиќ и Зијад Грачиќ. Автор на музиката е Алфи Кабиљо.[1]

Синопсис уреди

Кон крајот на Првата светска војна, сиромашното селско момче Кршеван извршува убиство во самоодбрана при што пребегнува во Задар, кој во тоа време се наоѓа во рамките на Италија. Таму, тој е растргнат од желбата да се врати дома и од љубовта кон девојката, а мора да ја трпи и уцената од италијанската власт. Неговата сиромаштија и недостатокот од образование се причина за тоа да постане италијански шпион. По трагичната смрт на неговата девојка, Кршеван се жени со поранешна калуѓерка. На почетокот од Втората светска војна, по вина на италијанскиот лекар, неговата сопруга умира за време на пораѓањето. Во напад на омраза, Кршеван извршува уште едно убиство...

Наводи уреди