Завојско

историско село во Горна Река, Општина Маврово и Ростуше

Завојско — историско село во Западна Македонија, на територијата на Општина Маврово и Ростуше.

Завојско
Завојско во рамките на Македонија
Завојско
Местоположба на Завојско во Македонија
Завојско на карта

Карта

Координати 41°43′4″N 20°34′48″E / 41.71778° СГШ; 20.58000° ИГД / 41.71778; 20.58000
Регион  Полошки
Општина  Маврово и Ростуше
Област Горна Река
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО

Географија уреди

Селото се наоѓало во областа Горна Река, источно од Тануше. Лежело крај Завојскиот Поток, на свиокот на патот кон Жировница. Оттука веројатно му доаѓало името.

Историја уреди

На крајот на XIX век Завојско било албанско село во Реканската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. З’лвајско имало 35 жители Арнаути христијани.[2], што веројатно значи поалбанчени Македонци.

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 264. ISBN 954430424X.

Надворешни врски уреди