Жоао Гимараеш Роза

Жоао Гимараеш Роза (португалски: João Guimarães Rosa) (27 јуни 1908, Кордисбурго, Бразил - 19 ноември 1967, Рио де Жанеиро, Бразил) - бразилски писател.

Животопис уреди

 
Жоао Гимараеш Роза

Жоао Гимараеш Роза е роден во градот Кордисбурго, во јужниот дел на сојузната држава Минас Жераис, како прво од шесте деца на неговите родители. Долго време работел како селски лекар.[1]

Творештво уреди

Жоао Гимараеш Роза се смета за еден од најголемите бразилски романописци на XX век, но неговата проза е малку позната во Европа, поради тоа што преведувањето на неговите дела се покажало како тешка задача. Во 1963 година едногласно бил избран за член на Бразилската академија на литературата. Неговите дела претставуваат смеса од фантазија, фолклор и мит, а во нив го опишува животот на земјоделците, трговците и разбојниците.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 278.