Живко Брајковски

политичар

Живко Брајковски (5 септември 1917 во Беличица, Маврово20 август 1963 во Тетово)[1][2] — македонски првоборец, учесник во НОВ, политичар и општественик.[3]

Живко Брајковски
Живко Брајковски
Роден/а5 септември 1917
Беличица
Починат/а20 август 1963(1963-08-20) (возр. 45)
Тетово, СР Македонија, СФРЈ
Занимањепрвоборец во НОВ, политичар и општественик

Животопис уреди

Како припадник на НОД од 1941 година, бил член на КПЈ (од 1942 година), борец на Мавровскиот НОПО од 1943 година и член на реонскиот комитет на КПЈ во Маврово, а од септември секретар на околискиот комитет на КПМ за Мавровско (1943-1945).[3] Исто така бил ѝ делегат на АСНОМ.[1][2] По ослободувањето бил секретар на комитетот на КПМ за установите при владата на НРМ, инструктор на ЦК на КПМ, секретар на обласниот комитет на КПМ за Скопје и член на ЦК на КПМ (1948),[3] пратеник во Собранието на НР Македонија и во Сојузното собрание на ФНРЈ.[1][2]

Неговиот живот ненадејно згаснал на 20 август 1963 година непосредно по големиот земјотрес во Скопје. По земјотресот бил целосно ангажиран за обновување и изградба на ранетото Скопје.[4]

 
Споменик на Живко Брајкоски во Трница, Мавровско.

Одликувања и заслуги уреди

Неговиот живот бил исполнет со низа активности со крупни и примерни залагања на општественик и раководител. За неговата неуморна работа е одликуван со повеќе вредни одликувања, меѓу кои:

  • Орден „Братство-единство“ од I ред,
  • орденот „Заслуги за народ“ од II ред,
  • „Орден за храброст“
  • Носител е ѝ на „Партизанска споменица 1941“.[4]

Во негова чест во скопската населба Бутел е именувано основно училиште,[3] додека во градот Гостивар една улица го носи неговото име.[5]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 87. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 49. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Ивановски, Владо (2009). Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 1. Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-023-4 (1) Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  4. 4,0 4,1 „За патронот“. ООУ Живко Брајковски (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-11-15. Посетено на 2021-11-15.
  5. „Повреден пешак на улица „Живко Брајковски" во Гостивар | Gostivarpress.mk“. Гостивар Прес. 2 јануарѕ 2021. Посетено на 15 ноември 2021. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)