ЖС „Градско“

железничка станица

Железничка станица „Градско“железничка станица на железничкиот коридор 10 во селото Градско, во југоисточниот дел на Македонија. Железничката станица била изградена во 1871 година и претставувала една од најголемите и најубавите архитектонски градби на железнички станици во Македонија.

ЖС „Градско“
Станицата во 1920-тите години
Општи информации
МестоГрадско
Општина Градско
Македонија Македонија
СопственикМакедонски железници
ЛинииВелесГевгелија
Историја
Отворена1871 (прва зграда), 1925 (втора зграда)

Претставува трета железничка станица од Велес, од кој е оддалечена 27,4 километри, додека од главната железничка станица во Скопје е оддалечена 78,3 километри. Низ станицата редовно поминуваат домашните возови на линијата Скопје - Гевгелија, како и меѓународните возови на линиите Скопје - Солун и Белград - Солун.

Историја уреди

За точната година на нејзината изградба има две теории. Според првата, нејзината изградба била започната во 1871 година, пред пуштањето на пругата во употреба (1873 година). Веројатноста за точноста на овој податок е мала, бидејќи во периодот меѓу двете светски војни, бил остварен планот на Кралството СХС за осовременување на железничкиот сообраќај во Македонија кога многу станици биле срушени и на нивно место биле подигнати нови градби. Втората теорија е во контекст на претходно споменатото и вели дека станицата во Градско, била подигната меѓу 1921-25 година. Како поткрепа на точноста на овој податок, има разгледница, заверена со архивски печат и појаснување дека истата била фотографирана 1923 година во периодот на изградбата на станицата.[1]

 
Станицата за време на Првата светска војна.

На 26 февруари 1916 година, во време на Првата светска војна, започнала изградбата на теснолиниската пруга од железничката станица „Градско“ до селото Дреново во должина од 20,1 километар за потребите на Македонскиот фронт. Подоцна оваа теснолиниска железничка линија била продолжена до Прилеп и до Битола.

 
Станицата пред Втората светска војна.

Станицата била минирана на крајот на Втората светска војна, од страна на окупаторските сили.[1]

 
Остатоци од станицата во 2015 година.

Во текот на 2015 година била најавена обнова на железничката станица во Градско, како дел од поголемиот проект за обнова на железничките станици долж коридорите 10 и 10д.[2]

Архитектура уреди

Поседувала подземни премини кои воделе директно до самите перони, кои функционирале сè до минатиот век, за сега да бидат покриени со лимени плочи.


Галерија уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Филип Конески (9 септември 2019). „Стара железничка станица – Градско“. marh.mk. Архивирано од изворникот на 1 октомври 2019. Посетено на 19 мај 2024.
  2. Блажевска, Светлана (2 ноември 2014). „Градени во турско, сега ќе добијат европски лик“. Вечер. Скопје: Вечер Прес. Архивирано од изворникот на 2014-11-04. Посетено на 22 август 2015.

Надворешни врски уреди

41°34′39″N 21°56′48″E / 41.57750° СГШ; 21.94667° ИГД / 41.57750; 21.94667