Ефрем Несторовски

Ефрем Митрев Несторовски ( 1926 во Тресонче, Дебарско16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен-чешма посветена на загинатите Тресончани во НОБ, меѓу кои е впишано и името на Ефрем Несторовски.

Животопис уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште. Во потрага за подобар живот, се преселил во Скопје. Стапил во Треттата македонска ударна бригада со која учествувал во ослободувањето на Македонија и во ликвидирањето на балистичките банди. По успешно извршената задача со XV македонски корпус, заминал за Срем. Бил учесник во големите борби при пробивот на Сремскиот фронт и заземањето на Товарник и Винковци. На 16 април 1945 година во крвавата борба при заземањето на Врпоље, храбро загинал.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 103. На |first= му недостасува |last= (help)