Енгелсбершка железарница

Енгелсбершката железарница (шведски: Engelsbergs bruk) ― железарница во Енгелсберг, село во општината Фагерста во Вестманланд, Шведска. Изградена била во 1681 година од Пер Ларсон Гиленхок (1645-1706) и била развиена во една од најсовремените железничарници во светот во периодот до 1700-1800 година. Таа е наведена како светско наследство на УНЕСКО од 1993 година.

Енгелсбершка железарница
светско наследство на УНЕСКО
МестоЕнгелсберг, Фагерста, Шведска
Критериумкултурно: (iv)
Навод556rev
Запис1993 (XVII заседание)
Површина9.596 ha (23.71 acres)
Координати59°58′00″N 16°00′30″E / 59.96667° СГШ; 16.00833° ИГД / 59.96667; 16.00833

Име уреди

Железарницата Енгелсберг го носи името според селото Енгелсберг кое па го носи името по Енглика. Енглика, роден во Германија, започнал да произведува железо во Енгелсберг во 14 век.[1]

Историја уреди

Историјата на производство на железо во регионот датира од најмалку 13 век. Месните селани ја ископувале рудата и го произведувале железото користејќи примитивни печки.[2]

На крајот на 16 век, во Енгелсберг биле воведени посовремени методи на производство и обемот на производство значително се зголемил во следните децении.[2]

Опис уреди

Зачуваните згради вклучуваат главна куќа, испекторската куќа и куќа за топење со висока печка.[2]

Светско наследство на УНЕСКО уреди

Енгелсбершката железарница е светско наследство наУНЕСКО. Додадено е на списокот во 1993 година.[3]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Världsarvet Engelsbergs bruk“. Посетено на 12 август 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Engelsberg Ironworks“. Посетено на 12 август 2021.
  3. „Sweden“. Посетено на 12 август 2021.

 

Надворешни врски уреди