Енвер Аливодиќ (роден на 27 декември 1984 година) е поранешен српски професионален фудбалер кој играл на позицијата како играч од средниот ред.

Клупска кариера уреди

Раните години уреди

Аливодиќ започнал да игра фудбал во неговиот роден клуб Нови Пазар од истоимениот град, дебитирајќи за сениорската екипа во 2001 година. Тој поминал одредено време како позајмен играч во екипата на Раднички од Ниш (2002 година), пред да се пресели во тимот на Чукарички во летото 2004 година. Во својата дебитантска сезона во клубот на Чукарички, Аливодиќ постигнал три гола во вкупно 27 настапи во првата лига, но не успеал да го спаси клубот од испаѓање од првата српска лига. Во тимот на Чукарички останал да игра уште две години, иако тимот бил второлигаш, пред да се врати во својот матичен клуб Нови Пазар.

Во зимскиот преоден рок во 2009 година, Аливодиќ бил префрлен да настапува во втората српска лига во тимотБСК Борча, помагајќи му да добие статус на тим кој ќе настапува во српската Суперлига. Аливодиќ постигнал хет-трик (три гола на еден натпревар) во победата од 4:0 над тимот на Инѓија и тоа на 9 април 2011 година.

Во летото 2011 година, Аливодиќ преминал да настапува во странство во кипарскиот клуб Енозис Неон Паралимни. Тој за овој клуб настапувал во сезоната 2011-12, помагајќи им да го избегнат испаѓањето од првата лига. Набргу потоа Аливодиќ се вратил повторно во тимот на Нови Пазар.

Војводина уреди

На 18 јануари 2013 година, Аливодиќ потпишал двегодишен договор со клубот на Војводина од Нови Сад.[1] Својот прв настап за клубот го имал на 27 февруари, играјќи цели 90 минути во победата од 2:1 на гости против екипата на Смедерево. Три дена подоцна, на 2 март, Аливодиќ го постигнал својот прв гол за тимот, постигнувајќи го првиот гол во домашната победа од 2:1 над екипата на Спартак од Суботица.[2] Аливодиќ, исто така има постигнато гол во победата од 2:1 против тимот на Партизан на 7 април истата година.[3] Подоцна тој учествувал во финалето на Купот на Србија 2012-13, бидејќи неговата Војводина играла против тимот на Јагодина. Овој натпревар екипата на Војводина го загубила со 1:0. Подоцна постигнал гол во победата од 3:0 над тимот на Црвена ѕвезда од Белград. Оваа победа била последниот натпревар од лигашкиот дел од Српската Суперлига 2012-13. Таа сезона Војводина завршила како третопласирана екипа во првенството на Србија.

На 11 јули 2013 година, Аливодиќ го постигнал својот прв гол во сезоната во победата на домашен терен со 3:2 над малтешкиот тим Хибернианс, во реваншот од првото квалификациско коло на УЕФА Лига Европа 2013-14. Тој подоцна постигнал гол во реваншот од следното коло, кога Војводина славела победа со 3:1 на гостувањето против тимот на Хонвед од Будимпешта во Република Унгарија. Во српската Суперлига 2013–14 година Аливодиќ бил еден од двајцата најдобри стрелци на тимот со вкупно постигнати пет гола. Првиот гол воКупот на Србија 2013-14 Аливодиќ го постигнал во финалето против тимот на Јагодина.Овој натпревар го победил тимот на Војводина со резултат од 2:0.[4]

За време на престојот на стадионот Караѓорѓе во Нови Сад, Аливодиќ одиграл вкупно 73 натпревари и постигнал 19 гола во сите рангови на натпреварувања.

Њукасл Џетс- Австралија уреди

Во февруари 2015 година, Аливодиќ по втор пат се преселил во странство кога приклучил на клубот од А-лигата Њукасл Џетс (Австралија).[5] Тој својот прв натпревар за тимот го имал во ремито 0:0 на домашен терен со екипата на Централ Коуст Маринерс, влегувајќи како замена за фудбалерот Радован Павичевиќ. На 21 март 2015 година, Аливодиќ го постигнал својот прв гол за тимот на Џетс, отворајќи го резултатот во победата на неговиот тим од 2:1 на гостувањето против екипата на Вестерн Сиднеј. На крајот од сезоната потпишал едногодишно продолжување на договорот со клубот. Тоа се случило во април 2015 година.[6] Во својата втора сезона во Њукасл, Аливодиќ пропуштил само еден натпревар во лигата, одиграл 26 натпревари и постигнал два гола.

Подоцнежните години уреди

Во јули 2016 година, Аливодиќ се вратил во Нови Пазар и веднаш бил назначен за капитен.[7] Тој бил најдобар стрелец на тимот во првата половина од Српската Суперлига 2016–17, постигнувајќи шест гола во вкупно 19 натпревари.[8] Во јануари 2017 година, Аливодиќ потпишал шестмесечен договор со Суперлигашкиот клуб Напредак од Крушевац.[9] Таму останал до крајот на годината. 

На почетокот на 2018 година, Аливодиќ се преселил во странство и тоа по трет пат. Овојпат се приклучил на грчкиот клуб Аполон Смирни.[10] Се појавил само на два натпревари пред да се врати во клубот на Напредак од Крушевац и тоа за сезоната 2018-19. Во август 2019 година, Аливодиќ по речиси три години повторно му се придружил на својот прв и матичен клуб Нови Пазар.

По сезоната 2019/2020, Аливодиќ се повлекол од професионалниот фудбал на 35 години возраст.[11]

По пензионирањето, Аливодиќ со семејството се преселил да живее во Данска, бидејќи неговата сопруга и децата имале дански пасоши. Неговата сопруга била израсната во таа држава. Во 2020 година, Аливодиќ играл за данскиот аматерски клуб Хорсенс ФС, а подоцна во март 2021 година се преселил во друг аматерски дански клуб - клубот на Хорсенс Јунајтед.[12]

Меѓународна кариера (репрезентација) уреди

На 29 јануари 2017 година, Аливодиќ го одиграл својот прв натпревар за репрезентацијата на Србија, влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Саша Јовановиќ во нерешениот натпревар без голови против репрезентацијата на Соединетите Држави во градот Сан Диего.[13] Со тоа тој станал најстариот играч кој дебитирал за репрезентацијата на Србија со 32 години, еден месец и два дена. 

Статистика уреди

Клуб уреди

[14]

Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Вкупно
Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Нови Пазар 2007–08 20 3 0 0 20 3
2008–09 17 4 1 0 18 4
Вкупно 37 7 1 0 38 7
БСК Борча 2008–09 15 2 0 0 15 2
2009–10 29 2 29 2
2010–11 28 4 1 0 29 4
Вкупно 72 8 1 0 73 8
Енозис Неон Паралимни 2011–12 29 0 29 0
Нови Пазар 2012–13 15 5 2 1 17 6
Војводина 2012–13 13 5 3 0 16 5
2013–14 28 5 6 2 8 2 42 9
2014–15 12 3 1 1 2 1 15 5
Вкупно 53 13 10 3 10 3 73 19
Њукасл Џетс 2014–15 9 2 0 0 9 2
2015–16 26 2 1 0 27 2
Вкупно 35 4 1 0 36 4
Нови Пазар 2016–17 19 6 1 0 20 6
Напредак Крушевац 2016–17 16 2 0 0 16 2
2017–18 22 7 2 2 24 9
Вкупно 38 9 2 2 40 11
Аполон Смирни 2017–18 2 0 0 0 2 0
Напредак Крушевац 2018–19 33 3 2 1 35 4
Вкупно во кариерата 333 55 20 7 10 3 363 65

Меѓународни натпревари уреди

Репрезентација Година Натпревари Голови
Србија 2017 година 1 0
Вкупно 1 0

Одликувања и признанија уреди

Клуб уреди

БСК Борча
  • Квалуфикување во Српска прва лига: 2008–09
Војводина [14]
  • Освоен е Куп на Србија: 2013–14

Наводи уреди

  1. „PRVI VOŠIN NOVAJLIJA, ENVER ALIVODIĆ“ (српски). fkvojvodina.rs. 18 January 2013. Архивирано од изворникот на 2022-01-20. Посетено на 20 January 2013.
  2. „Voša sigurna, Javor terorisao Smederevo, Jagodina ne zna za romantiku“ (српски). blic.rs. 2 March 2013. Посетено на 23 September 2017.
  3. „PARTIZAN-VOJVODINA 1 : 2“ (српски). fkvojvodina.rs. 7 April 2013. Архивирано од изворникот на 2022-01-20. Посетено на 23 September 2017.
  4. „Vojvodina mark centenary with Serbian Cup“. uefa.com. 7 May 2014. Посетено на 13 August 2017.
  5. „Jets add firepower for derby showdown“. a-league.com.au. 26 February 2015. Посетено на 13 August 2017.
  6. „Serbian star Enver Alivodić extends Jets stay“. newcastlejets.com.au. 29 April 2015. Архивирано од изворникот на 2017-08-14. Посетено на 13 August 2017.
  7. „Transfer leta u Pazaru: Alivodić se vratio“ (српски). mondo.rs. 26 July 2016. Архивирано од изворникот на 2017-08-14. Посетено на 13 August 2017.
  8. „Alivodić: Duševna bol zbog rezultata“ (српски). b92.net. 20 December 2016. Посетено на 29 October 2017.
  9. „KRUŠEVLJANI SVE JAČI Enver Alivodić u Napretku“ (српски). blic.rs. 24 January 2017. Посетено на 29 October 2017.
  10. „Alivodić karijeru nastavlja u Grčkoj“ (српски). mozzartsport.com. 9 January 2018. Посетено на 27 January 2018.
  11. „Enver Alivodić i novi život u Danskoj: Nije fudbal uvek pravedan, ali ne žalim nijednog trenutka“. mozzartsport.com. Посетено на 26 June 2020.
  12. Scoop: Serie 3-klub henter serber med flot CV, bold.dk, 9 March 2021
  13. „MNT Kicks Off 2017 with 0-0 Draw Against Serbia“. ussoccer.com. 29 January 2017. Архивирано од изворникот на 2019-09-21. Посетено на 13 August 2017.
  14. 14,0 14,1 Енвер Аливодиќ на soccerway

Надворешни врски уреди