Емилија Симоска (родена во 1956 година во Скопје) — македонски социолог и политичар.

Емилија Симоска
Министер за образование и наука
На должноста
20 декември 1994 – 23 февруари 1996
Премиер Бранко Црвенковски
Претходник Димитар Бајалџиев
Наследник Софија Тодорова
Лични податоци
Роден(а) 1956
Скопје, Македонија
Националност Македонка
Установа Филозофски факултет

Во Владата од 1994 година Симоска ја извршувала функцијата Министер за образование и наука, и тоа во периодот од 20 декември 1994 до 23 февруари 1996 година.

Симоска завршила социологија на универзитетот во Скопје. Во 1980 година се вработила во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, како раководител на Центарот за етнички и безбедносни прашања. Таа станала редовен професор по политичка култура и комуникации и односи со јавноста на постдипломските студии[1].

Наводи уреди

  1. „About Emilija Simoska“. Архивирано од изворникот на 2018-04-15. Посетено на 2017-05-30.

Надворешни врски уреди

Политички функции
Претходник
Димитар Бајалџиев
Министер за образование и наука
20 декември 1994 - 23 февруари 1996
Наследник
Софија Тодорова