Елмедин Адеми

македонски претприемач

Елмедин Адеми (албански: Elmedin Ademi; р. 26 јуни 1988 во Тетово, Македонија) — македонски претприемач, основач и извршен директор на Screen Media („Скрин Медија“) и на градежната компанија Еуровиа.

Елмедин Адеми
Роден(а)26 јуни 1988(1988-06-26)(35 г.)
НационалностАлбанец
ДржавјанствоМакедонија
Занимањепретприемач
Активен период2008–денес
БогатствоIncrease 300.156.000 денари(декември 2019)
Звањеосновач, извршен директор на Еуровиа
СопружникАрбе Адеми (в. 2011)
Деца2
РодниниАбдилаќим Адеми (братучед)

Од 2015 година, Screen Media е прва во рекламната индустрија за надворешно рекламирање, врз основа на годишниот промет. Елмедин бил именуван како еден од најуспешните бизнис-претприемачи во Македонија во 2015 година.[1] Во 2016 година бил прогласен за добитник на националната награда за Македонија на Европските бизнис награди.[2] Англиската фондација ACCOLA во 2017 година во можности за партнерство, ангажираше професионални проценувачи и ревизори со што имотот на бизнисите на Елмедин биле проценети на 12 милиони евра.[се бара извор]

Живот и образованието уреди

Роден е на 26 јуни 1988 година во градот Тетово. Има завршено средно училиште во родниот град Тетово. Дипломирал на факултетот за компјутерски науки на Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ).

Елмедин ја изрази својата желба да стане претприемач уште од неговата млада возраст. Во 2010 година ја основа Евровиа Групацијата, која денес работи во 3 различни земји со повеќе од 6 здружени компании во различни области[3]. Неговото претприемништво достигна тотално поинакво ниво во 2019 година, како година во која групацијата Еуровиа под надзор на Елмедин Адеми, влегува на албанскиот и косовскиот пазар, со своите проекти за инвестиции во недвижнини[4][5].

Почетоците уреди

Во 2008 година започна со приватниот бизнис во областа на маркетинг, односно рекламирање со надворешно рекламирање, Screen Media, како еден од најуспешните во Македонија во оваа област. Во текот на 2012 година неговото семејство ќе му го предаде и Eurovia на негово раководство, Еуровиа е семејно претпријатие основано од 1978 година, специјализирано за проектирање и изградба на каков било вид на објект, комерцијален или индустриски. Оттогаш, тој се фокусираше на проектирање и градежни работи.

Посветеност и воспоставување на други бизниси во Македонија уреди

Во 2016 година, тој потпиша ексклузивен договор со производителот New Country - Тирана за да биде генерален увозник на сите АМА производи (кафе, капсула, ладен кафе, турско кафе) во Република Македонија. На почетокот на 2018 година започна комерцијален онлајн проект со производи за кафе, односно брендовите Cafeitaly и Ama Архивирано на 20 февруари 2018 г., каде што ќе има огромен успех во Република Македонија.

Наводи уреди

  1. „Сопствениците на две компании за билборди меѓу најуспешните претприемачи годинава“. Marketing365. Посетено на 1 март 2018.
  2. „МРТ“. www.mrt.com.mk. Посетено на 1 март 2018.
  3. Еуровиа, Групација (2020-02-01). „Фирми во сопственост на Елмедин Адеми“. The Eurovia Group (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-11-27. Посетено на 2020-12-13.
  4. „Eurovia, drejt ndërtimit të resortit të ri në Shqipëri“. Business Magazine Albania (англиски). 2018-03-09. Посетено на 2020-12-13.
  5. „EUROVIA shpknj“. opencorporates.al. Посетено на 2020-12-13.

Надворешни врски уреди