Елена (кована пара)


Еленакована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2015 година.

Елена
Лице
Опачина
Поединости
Серија Ден на Ангел
Номин. вредност 100 денари
Метал сребро 925
Тежина 28,28 г
Димензии 30 x 50 мм
Облик јајчест
Раб мазен
Издадена 2015
Цена 3.500 ден.

Опис уреди

Лице уреди

На лицето од парата е претставен ангел наведнат над дете во моментот на крштевањето. Претставени се обоени, златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел од лицето на монетата е прикажан Грбот на Република Македонија. На десната страна, по должината на периметарот, се прикажани натписите: „Република Македонија“ и „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“.[1]

Опачина уреди

На опачината, во средината на кованата пара е прикажан ликот на Света Елена (Флавија Јулија Елена Августа), мајката на царот Константин Велики. Таа е важна личност во историјата на христијанството поради големото влијание коешто го имала врз нејзиниот син и поради нејзиниот придонес за сместувањето на христијанството во срцето на западната цивилизација. Во долниот дел на кованата пара е прикажана црквата Свети Константин и Елена во Кривој Рог. На левата страна е прикажан јасен и неговите цветови - симболот на името Елена. На десната страна е вметнат кристал „сваровски“, кој наликува на калцедон - среќниот камен на Елена. На опачината ги има натписите: „Елена“ (на македонски јазик), „Ден на Ангел“ (на македонски јазик) и ознаката „Ag 925“.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „ЕЛЕНА". Посетено на 8 јануари 2018.