Елеганцијата на ежот

Елеганцијата на ежот (француски: L'Élégance du hérisson) — роман од француската писателка Мириел Барбери, кој бил издаден во 2006 година од страна на издавачката куќа „Gallimard“. Книгата се стекнала со бројни награди, меѓу кои и „Награда на книжарниците“ во 2007 година.

Елеганцијата на ежот
АвторМириел Барбери
Изворен насловL'Élégance du hérisson
ЗемјаФранција
Јазикфранцуски
Жанрроман
ИздавачGallimard
Издадена
август 2006 година
Published in English
септември 2008 година
Страници359 страници
ISBN2-07-078093-7
OCLC71336412
Клас. КБPQ2662.A6523 E44 2006

Содржина уреди

Самоуката куќна помошничка Рене во една елитна париска зграда ужива во магијата на уметноста, филозофијата, музиката и јапонската култура. Во истата зграда живее и богатата дванаесетгодишната Палома заситена од животот, која неуморно чита манга-стрипови, наоѓа утеха во јапонските поети и го презира целото семејство. Јапонскиот стопанственик Озу се вселува во зградата и, како и Палома, ја насетува скриената префинетост на куќната помошничка. Низ едноставна нарација, овој роман ве води во светот на богаташката извештаченост, интелектуалните клишеа и надмените сопственици на кучиња со педигре, и ги возвишува тивките победи на ненаметливите меѓу нас.

Успех уреди

Иако критичарите слабо биле заинтересирани за почетокот од делото, романот бил изненадување за 2006 година. Всушност тој бил преиздаван 30 пати и кон август 2006 година имал повеќе од еден милион продадени примероци, заземајќи го првото место по продажба на 30 последователни недели. Романот бил преведен на 34 јазици. Во 2009 книгата на Мириел Барбери останала уште рангирана меѓу педесеттите најдобро продавани романи.

Делото немало голема реклама и единствениот начин на кој го постигнал овој спектакуларен успех се засновало на препораки меѓу читателите.

Филмска адаптација уреди

 
Палома се однесува на Рене дека ја има елеганцијата на ежот

Романот послужил како основа за филмска адаптација во 2008 година, кога бил екранизиран од страна на Мона Ашаше. Филмот излегол на 3 јули 2009 година во француските кина и имал 750.000 гледања.

Надворешни врски уреди