Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2023


Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2023 — 24-то издание на европските првенства во фудбал за играчи под 21 година, фудбалско натпреварување кое се одржува на секои две години за репрезентациите за играчи под 21 година, организирано од страна на УЕФА.

Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2023
Campionatul European de Fotbal Sub-21 (романски)

21-წლამდე ნაკრებთა ევროპის ჩემპიონატი (грузиски)

Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2023
Општо за првенството
Домаќин(и) Романија Романија
Грузија Грузија
      градови 6
      стадиони 6
Период на одржување 21 јуни8 јули 2023
Број на учесници 16
Распределба на медалите
Шампион Англија Англија
(3. титула)
Второ место Шпанија Шпанија
Трето место Израел Израел
Украина Украина
Статистички податоци за првенството
Посетеност 300.584  (9.696 по натпревар)
Одиграно натпревари 31
Дадено голови 72  (2.32 по натпревар)
Најдобар стрелец Шпанија Серхио Гомес
Шпанија Абел Руис
Украина Георги Судаков (3 гола)
Најдобар играч Англија Антони Гордон
2021
2025

Турнирот е организиран од две земји домаќини Романија и Грузија.[1] Воведниот натпревар се одиграл во Романија, додека Грузија била домаќин на финалето. Романија претходно веќе еднаш била домаќин на Европско првенство до 21 година, на изданието во 1998, додека за Грузија ова било првпат да биде домаќин на турнир од ова натпреварување.

Исто како и на претходните првенства до 21 година што се одржале една година пред Олимпијадата, овој турнир служи како квалификации за европските репрезентации за пласман на Летните олимписки игри 2024. Покрај Франција кои автоматски се квалификуваат како олимписки домаќини, најдобро пласираните три екипи на ова првенство ќе се квалификуваат на Летните олимписки игри 2024 во Париз, каде ќе можат да настапат играчи на возраст до 23 години со максимум 3 повозрасни.

Германија била бранител на титулата, но испаднале уште во групната фаза.

Првенството завршило на 8 јули 2023 со финалето во Батуми, во кое Англија ја победила Шпанија со 1-0 и стигнала до својата трета титула во ова натпреварување.[2]

Квалификации уреди

Квалификувани репрезентации уреди

Следните репрезентации се квалификувале за завршниот турнир.

Инфо: Сите настапи и статистики ја вклучуваат само У-21 ерата на првенството (од 1978).

Држава Квалификувана како Дата на квалификација Учество Последно учество Најдобар резултат
  Романија Домаќин 3 декември 2020 4-то 2021 Полуфинале (2019)
  Грузија 1-во Деби
  Белгија Победник во квал. група И 29 март 2022 4-то 2019 Полуфинале (2007)
  Шпанија Победник во квал. група Ц 2 мај 2022 16-то 2021 Победник (1986, 1998, 2011, 2013, 2019)
  Германија Победник во квал. група Б 3 јуни 2022 14-то 2021 Победник (2009, 2017, 2021)
  Португалија Победник во квал. група Д 6 јуни 2022 10-то 2021 Финалист (1994, 2015, 2021)
  Англија Победник во квал. група Г 7 јуни 2022 17-то 2021 Победник (1982, 1984)
  Холандија Победник во квал. група Е 8 јуни 2022 9-то 2021 Победник (2006, 2007)
  Франција Победник во квал. група Х 9 јуни 2022 11-то 2021 Победник (1988)
  Италија Победник во квал. група Ф 14 јуни 2022 22-ро 2021 Победник (1992, 1994, 1996, 2000, 2004)
  Норвешка Победник во квал. група А 14 јуни 2022 3-то 2013 Полуфинале (1998, 2013)
  Швајцарија Победник во квал. група Е[а] 14 јуни 2022 5-то 2021 Финалист (2011)
  Украина Победник во баражот 27 септември 2022 3-то 2011 Финалист (2006)
  Чешка Победник во баражот 27 септември 2022 9-то (15-то вклучувајќи ја Чехословачка) 2021 Победник (2002)
  Хрватска Победник во баражот 27 септември 2022 5-то 2021 Четвртфинале (2021)
  Израел Победник во баражот 27 септември 2022 3-то 2013 Групна фаза (2007, 2013)
Инфо
  1. ^ Најдобра второпласирана репрезентација во квалификациите.

Стадиони уреди

Романија уреди

Букурешт Стадиони во Романија Букурешт
Стадион Стеауа
Локација на стадионите на Европското првенство за играчи под 21 година 2023 (Романија)
Супербет Арена
Капацитет: 31,254 Капацитет: 14,047
   
Клуж-Напока Клуж-Напока
Клуж Арена Стадион Др. Константин Радулеску
Капацитет: 30,201 Капацитет: 22,198
   

Грузија уреди

Тбилиси Стадиони во Грузија Тбилиси
Динамо Арена
Локација на стадионите на Европското првенство за играчи под 21 година 2023 (Грузија)
Михеил Месхи
Капацитет: 54,202 Капацитет: 27,223
   
Батуми Кутаиси
Аџарабет Арена Стадион Рамаз Шенгелија
Капацитет: 20,000 Капацитет: 14,700
 

Фаза по групи уреди

Правила за одредување на позициите

Позициите на табелата се одредуваат на следниов начин:

  1. Освоени бодови (3 бода за победа, 1 за нерешено, 0 за пораз);
  2. Меѓусебен скор помеѓу екипите кои се изедначени на табелата;
  3. Гол разлика помеѓу екипите кои се изедначени на табелата;
  4. Број на постигнати голови помеѓу екипите кои се изедначени на табелата;
  5. Гол разлика во сите одиграни натпревари од групната фаза;
  6. Број на постигнати голови во сите натпревари од групната фаза;
  7. Постигнати голови од пенал само ако две екипи имаат исти број на бодови;
  8. Фер плеј бодови во сите одиграни натпревари од групната фаза (само едно одземање на бодови за фер плеј листата може да се примени на еден играч на еден натпревар):
    • Жолт картон: 1 бод;
    • Индиректен црвен картон (втор жолт картон): −3 бода;
    • Директен црвен картон: −3 бода;
  9. Позиција на ранглистата на УЕФА.

Група А уреди

Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.   Грузија 5 3 1 2 0 4 2 +2
2.   Португалија 4 3 1 1 1 3 4 -1
3.   Холандија 3 3 0 3 0 2 2 0
4.   Белгија 2 3 0 2 1 3 4 -1


Група Б уреди

Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.   Шпанија 7 3 2 1 0 6 2 +4
2.   Украина 7 3 2 1 0 5 2 +3
3.   Хрватска 1 3 0 1 2 0 3 -3
4.   Романија 1 3 0 1 2 0 4 -4


Група Ц уреди

Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.   Англија 9 3 3 0 0 6 0 +6
2.   Израел 4 3 1 1 1 2 3 -1
3.   Чешка 3 3 1 0 2 2 4 -2
4.   Германија 1 3 0 1 2 2 5 -3


Група Д уреди

Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.   Франција 9 3 3 0 0 6 0 +6
2.   Швајцарија 3[а] 3 1 0 2 5 8 -3
3.   Италија 3[а] 3 1 0 2 4 5 -1
4.   Норвешка 3[а] 3 1 0 2 2 3 -1
Инфо
  1. ^ Изедначени во бројот на освоени бодови во меѓусебните дуели (3) и во гол-разликата во меѓусебните дуели (0). Постигнати голови во меѓусебните дуели: Швајцарија 4, Италија 3, Норвешка 2.




Нокаут фаза уреди

Во нокаут фазата, ќе се користат продолженија и изведување пенали ако е потребно за да се одреди победникот.

Жреб и резултати уреди

 
ЧетвртфиналеПолуфиналеФинале
 
          
 
1 јули – Динамо Арена
 
 
  Грузија0 (3)
 
5 јули – Аџарабет Арена
 
  Израел (п)0 (4)
 
  Израел0
 
2 јули – Рамаз Шенгелија
 
  Англија3
 
  Англија1
 
8 јули – Аџарабет Арена
 
  Португалија0
 
  Англија1
 
1 јули – Супербет Арена
 
  Шпанија0
 
  Шпанија (прод.)2
 
5 јули – Стадион Стеауа
 
  Швајцарија1
 
  Шпанија5
 
2 јули – Клуж Арена
 
  Украина1
 
  Франција1
 
 
  Украина3
 

Четвртфинале уреди





Полуфинале уреди



Финале уреди

 
 
 
 
 
 
 
 
Англија
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Шпанија
GK 1 Џејмс Трафорд   74'
RB 14 Џејмс Гарнер
CB 4 Леви Колвил   45+6'
CB 5 Тејлор Харвуд-Белис  
LB 2 Макс Аронс
RM 10 Емил Смит Роу   66'
CM 17 Картис Џонс
CM 7 Морган Гибс-Вајт     69', 90+12'   73'
LM 21 Анхел Гомес   24'   73'
CF 20 Кол Палмер   82'
CF 11 Антони Гордон   82'
Замени:
MF 23 Нони Мадуеке   66'
FW 9 Камерон Арчер   73'
MF 6 Оливер Скип   73'
MF 19 Харви Елиот   82'
MF 18 Томи Дојл   82'
Селектор:
Ли Карсли
GK 1 Арнау тенас
RB 2 Виктор Гомес   73'
CB 14 Аитор Паредес
CB 5 Јон Пачеко
LB 3 Хуан Миранда
CM 6 Антонио Бланко     37', 90+12'   83'
CM 16 Алекс Баена   34'   59'
RW 10 Родри Санчес   59'
AM 8 Ојан Сансет   45+6'   59'
LW 17 Серхио Гомес
CF 9 Абел Руис  
Замени:
MF 18 Габри Веига   59'
MF 19 Ајмар Орос   62'   59'
FW 7 Родриго Рикелме   86'   59'
FW 11 Андер Баренечеа   73'
FW 21 Серхио Камељо   83'
Селектор:
Санти Денија   77'

Играч на натпреварот:
Картис Џонс (Англија)[3]

Помошни судии:
  Јан Ерик Енган
  Исак Елијас Башевкин
Чевтрти судија:
  Раде Обреновиќ
Video assistant referee:
  Кристијан Дингерт
Assistant video assistant referees:
  Бартош Фраковски
  Тијаго Мартинс

Правила на натпреварот[4]

  • 90 минути.
  • 30 минути продолженија ако е потребно.
  • Пенали ако резултатот и понатаму е нерешен.
  • Максимално 12 играчи на клупата.
  • Максимално 5 замени, со можност за шестта доколку се влезе во продолженија.

Победник уреди

Победник на Европско првенство за играчи под 21 година - 2023

 
Англија
3. титула

Листа на стрелци уреди

Наводи уреди

  1. „Romania and Georgia to host 2023 Under-21 EURO“. UEFA.com. 3 December 2020.
  2. „(ВИДЕО) Младите фудбалери на Англија се новите шампиони на Европа“. sportplus.mk. 8 јули 2023. Архивирано од изворникот на 2023-07-08. Посетено на 8 јули 2023.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. „Every U21 EURO Player of the Match“. UEFA. 8 July 2023. Посетено на 8 July 2023.
  4. „2017–19 UEFA European Under-21 Championship regulations“ (PDF). UEFA.

Надворешни врски уреди