ЕОНИА (англиски: Euro OverNight Index Average) е делотворна каматна стапка наменета за кредитите преку ноќ пресметувана како пондериран просек на сите необезбедени кредитни трансакции преку ноќ на меѓубанкарскиот пазар во евра. Била воспоставена во рамките на еврозоната од страна на повеќе банки. Таа е една од двете одредници за пазарите на пари и капитал во рамките на еврозоната (другата е ЕУРИБОР). Банките кои придонесуваат кон ЕОНИА се истите оние кои се вклучени во ЕУРИБОР.

Движење на ЕОНИА во периодот 1999 - 2009

Каматните стапки на ЕОНИА се пресметувани од Европската централна банка врз основа на сите создадени меѓубанкарски средства преку ноќ пред затворањето на системите RTGS во 18 часот по средноевропско време и објавени преку Ројтерс секој ден пред 19 часот.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Overnight Indexed Swaps“ (PDF). Credit Swiss. 11 декември 2001. стр. 4. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-12-01. Посетено на 16 јули 2008.

Надворешни врски уреди