Душко Лазов Бојковски ( 1920 во Скопје25 април 1944 во Кратовско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис уреди

Потекнувал од градско сиромашно семејство. Мајка му починала рано ѝ оставила три недорастени деца. Основно училиште завршил во градот. Потоа станал квалификуван металски работник. Работел во Радуша, во погонот за испирање на рудата во Ѓорче Петров. По окупацијата на земјата се дружел со напредни луѓе. Уште во 1941 година бил вклучен во напреден младински актив. Успешно дејствувл во работничката средина каде што работел. Меѓу работниците ширел политички материјали и ги објаснувал праведните цели на народноослободителното движење. Го проширувал бројот на симпатизерите и активните борци против окупаторот. Во август 1942 година станал член на КПЈ ѝ уште поактивен во подготвувањето на вооружената борба против непријателот. Воспоставувал другарски односи со вработените Албанци во рудникот Радуша и го ширел напредното движење ѝ во нивните редови. Бил упорен и се борел за братството и единството на сите народи во вооружената борба против окупаторот. Кон крајот на 1943 година стапил во Скопско-кумановскиот одред, а потоа во редовите на Треттата македонска ударна бригада. По природа важел за мирен и тивок, но во борбите решителен и храбар и во секој поглед примерен борец. Во сите борби во кои учествувал со својата бригада неговиот минофрлач сеел смрт во непријателските редови. Особено се истакнал во разбивањето на четниците на Дража Михајловиќ, во февруари 1944 година кај местото Селце. Бил учесник и храбро се држел во борбите на бригадата кај Ристовец, Пробиштип и во други борби. На 25 април 1944 година при нападот на Кратово, храбро загинал во борбите против бугарскиот фашистички окупатор, кај месноста Црн Врв.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 35–36. На |first= му недостасува |last= (help)