Душан Цветков Василевски (27 јануари 1925 во Бањане, Скопско16 септември 1944 во Чучер, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен-плоча од НОБ во Бањани, на која се наоѓа името на Душан Василевски

Животопис уреди

Произлегува од сиромашно селско семејство. По завршувањето на основното училиште се занимавал со земјоделство и сточарство. Во септември 1944 година, кога балистичките сили се концентрирале во Скопска Црна Гора, и пристапил на Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Во состав на истата учествувал во поголем број тешки и крвави борби против балистите. Во една таква борба, на 16 септември 1944 година, храбро загинал на позициите кај Чучерска Стена. Бил закопан на селските гробишта во Бањани.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 178. На |first= му недостасува |last= (help)