Дроб-сарма – вид јадење со ориз и јагнешки дропчиња.[1] Традиционално, најмногу се спрема за велигденските празници.

Дроб-сарма
Дроб-сарма на ориз
Дел од оброкотглавен оброк
Место на потеклоМакедонија
Температура на послужувањетопло
Главни состојкиориз, јагнешки дроб, зачини

Рецепт уреди

Се варат 2-3 лажици ориз и се остава истиот да се излади. 2-3 главици кромид ситно се сечкаат и се пропржуваат заедно со 1 кг јагнешки дроб десетина минути. Се додава сол, црн пипер и магдонос. Се трга настрана да се излади и се меша со сварениот ориз и едно јајце. Со овој материјал се полнат јагнешките кошулки и се замотуваат во сарми. Сармите се редат во огноотпорна тава за печење која се полни со вода до половина од висината на сармите. Се пече на 200оС додека испари водата. Две јајца се мешаат со една чаша јогурт и со смесата се потураат сармите. Се пече уште десетина минути.[2]

Наводи уреди