Дремиглава

село во Солунско, Егејска Македонија

Дремиглава или Дремиглав (грчки: Δρυμός, Дримос, до 1927 г. Σιδηροκέφαλον, Сидирокефалон;[2] до 1926 г. Δρυμίγκλαβα, Дремиглава[3]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Даутбал во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 3.659 жители (2011), од кои сите се Македонци, иако од поодамна погрчени.[4]

Дремиглава
Μονόλοφο
Дремиглава is located in Грција
Дремиглава
Дремиглава
Местоположба во областа
Дремиглава во рамките на Даутбал (општина)
Дремиглава
Местоположба на Дремиглава во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°46.52′N 22°57.32′E / 40.77533° СГШ; 22.95533° ИГД / 40.77533; 22.95533
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаДаутбал
Општ. единицаМигдонија
Надм. вис.&10000000000000200000000200 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно3.659
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.545 00
Повик. бр.+30 23940

Географија уреди

Селото е сместено во северозападниот дел на Лагадинското Поле, 7 км северно од Ајватово, 8 км северозападно од Лагадина и 15 км северно од Солун. Има неколку маала: Ангел, Платан (Платанус), Метох (Митох), Бари (Барис) и Скини (Скинис).[5]

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Во XIX век Дремиглава било македонско село во процес на погрчување, бидејќи тука уште одамна почнала да работи грчката пропаганда. На самиот почеток на XX век е забележано:

Селата Балџа, Дреми Глав и Гивезна (Гвоздово) се македонски, целосно погрчени. Во Балџа уште има старци што знаат македонски, но новото поколение не знае. И тука, како и во Халкидик, уште се пеат македонски песни.[6][7]

Во 1820 г. попот Димитрис Златанос (Димитар Златановски) во Дремиглава отворил училиште за сиромашни деца. Во 1840 г. со средства на селаните е изградена училишна зграда, обновена во 1876 г. и одново изградена помеѓу 1900 и 1913 г.[5]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дреми глава (Dremi-glava) Дремиглава е „грчко“ (погрчено македонско) село од 182 домаќинства со 771 жител.[8]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Дремиглав живееле живеят 1.300 „Грци“ (погрчени Македонци).[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дармос (Дреми глава) (Darmos Dremi-Glava) имало 2.000 жители „Грци“ (погрчени Македонци) и во селото работело грчко училиште.[10]

Жителите на селото зеле активно учество во Грчката вооружена пропаганда во Македонија.[5][11]

Според грчкиот пропагандистички просветар Димитриос Сарос во 1906 г. Дремиглава (Δρυμίγκλαβα) било гркојазично село во Солунската митрополија со 2.400 жители со грчка национална свест. Во него работеле шестгодишно грчко училиште и детска градина со 188 ученици и 4 учители.[12]

Во Грција уреди

За време на Првата балканска војна во 1912 г. Дремиглава е окупирана од бугарската војска. Селото го посетувале андарти и агитатори, кои ги терале селаните не не ѝ се потчинуваат на бугарската власт.[13] По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година тука се попишани 2.162 жители кои во 1920 г. се намалиле на 1.913 лица. Во 1926 г. селото е преименувано во Сидирокефалон, а во 1927 г. во Дримос. На пописот во 1928 г. Дремиглава имала 2.007 жители, и останала етнички непроменета. бидејќи тука власта не биле доселувала грчки колонисти (сметајќи го селото за веќе „грчко“).[4]

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 2.053 2.139 1.972 1.794 1.819 2.060 2.487 3.659
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство уреди

Во селото се произведува тутун, жито и други земјоделски производи.[4]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σιδηροκέφαλον -- Δρυμός
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δρυμίγκλαβα -- Σιδηροκέφαλον
  4. 4,0 4,1 4,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Δήμος Μυγδονίας. Δρυμός“. Архивирано од изворникот на 2008-05-08. Посетено на 2019-11-26.
  6. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 75. ISBN 954430424X.
  8. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152 – 153.
  9. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 299. ISBN 954430424X.
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, р. 218-219.
  11. „Ο ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟΣ ΑΓΩΝΑΣ ΣΤΗΝ ΚΕΝΤΡΙΚΗ ΚΑΙ ΑΝΑΤΟΛΙΚΗ ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ ΤΟ 1905 ΚΑΙ Ο ΡΟΛΟΣ ΤΟΥ ΠΡΟΞΕΝΕΙΟΥ ΘΕΣΣΑΛΟΝΙΚΗΣ“. Архивирано од изворникот на 2012-12-26. Посетено на 2019-11-26.
  12. Παπαδόπουλος, Στ. Ι (1975). „Η κατάσταση της παιδείας το 1906 στην ύπαιθρο του Κάζα Θεσσαλονίκης: (Μια ανέκδοτη έκθεση του Δημητρίου Μ. Σάρρου)“ (PDF). Μακεδονικά (грчки). Θεσσαλονίκη: Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών. XV (8): 136–137.
  13. „Военно-исторически сборникъ“, книжка 39, февруари 1939, стр. 171. (В. Карамановъ, бившъ кукушки окрѫженъ управитель – „Страници изъ междусъюзническитѣ отношения въ близкитѣ околности на гр. Солунъ презъ Балканската война 1912/1913 г. Лѫгадинска околия“

Надворешни врски уреди