Драгутин Тасевски

Драгутин Андонов Тасевски ( 1922 во Жегљане, Кумановско9 октомври 1944 во Шишево, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис уреди

Произлегува од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа изучил кројачки занает. Во 1942 година, бил регрутиран во окупаторската бугарска фашистичка војска. Во април 1944 година се вратил на отсуство и тоа го искористил за да стапи во редовите на НОВ и ПОЈ. Станал борец во Треттата македонска ударна бригада и учествувал во нејзините борби кај Ристовац и Табановце. По овие борби се повлекол во Куманово. Во септември истата година, повторно се вратил во бригадата. Бил учесник во нејзините борби кај Страцин, како и во селата од велешкиот терен и други борби. На 9 октомври 1944 година, во борбата кај селото Шишево против балистите и Германците го изгубил својот живот.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 267. На |first= му недостасува |last= (help)