Драга непријателка

Драга непријателка (шпански јазик: Querida Enemiga) е мексиканска теленовела. творци на серијата се Пабло Сиера и Ерика Јохансон, истите кои ја направија и серијата Двете Лица на Ана. Серијата во Мексико покажа солидни резултати во терминот во кој беше прикажувана. Во главните улоги се појавуваат Ана Лајевска, Габриел Сото, Кармен Бецера и Марија Рубио.

Драга непријателка
Податотека:LogoQueridaEnemiga.jpg
Лого од серијата
Жанрдрама
теленовела
Создадена одПабло Сиера
Ерика Јохансон
УлогиАна Лајевска
Габриел Сото
Кармен Бецера
Марија Рубио
Земја на потеклоСАД
Колумбија
Првичен јазикшпански
Бр. на епизоди110
Производство
Извршен продуцент(и)Лусеро Суарез
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаТелевиса
Првично прикажување12 мај 2008 – 10 октомври 2008
Хронологија
СледбеникВо името на љубовта (2008/9)
Надворешни врски
Мрежна страницаwww2.esmas.com/querida-enemiga/

Синопсис уреди

Лорена и Сара израснале заедно во сиропиталиште и се сакаат како сестри, но се многу различни. Лорена сонува да создаде фамилија и она што најмногу го сака е да готви. Сара е материјалистка, секогаш живеела во сиромаштија која се живее во сиропиталиштето и нејзината амбиција е поголема од нејзините бескруполозни идеи. Лорена сонува да биде успешна во кулинарството; еден ден се збогува со калуѓерките за да оди да учи кулинарска школа во Мексико Сити. Тој ист ден, чесната мајка открива дека Сара ги украдила парите од сиропиталиштето и спротивставувајќи и се таа умира од срцев удар. Сара бега со Чало, нејзиниот љубовник и соучесник, крадејќи го своето досие и она на Лорена. Кога ги чита, таа открива дека Лорена била оставена во сиропиталиштето без причина од баба и, милионерката Ортенсија Армендарис. Првата реакција е да ја открие Лорена, за да и помогне да се справи против баба си и да се бори за правата, но после се откажува и решава да го замени местото и во гастрономската империја на семејството Армедарис. Далеку од сето тоа, Лорена наоѓа работа во истата фирма како помошник готвачка. Се запознава со Алонсо, млад лекар, во кој се вљубува и после извесно време му станува девојка. Но, Сара нема да се откаже, додека не ја радели Лорена од Алонсо. Ортенсија, од своја страна, се бори со сите средства за да ги избегне средбите на лошо кои им причинила на блиските луѓе. Кога Лорена ги открива интригите на Сара, си дава сметка, дека всушност никогаш не ја познавала вистинската, која ја сакала како сестра. Сред страдањето таа ќе открие нова надеж во лицето на тој човек, од кого најмалку очекувала, дека може да ја сака.

Улоги уреди

Глумци Ликови
Ана Лајевска Лорена де ла Круз
Габриел Сото Алонсо Угарте
Кармен Бецера Сара де ла Круз
Марија Рубио Хортенсија Армендариз
Мигел Анхел Биаџо Чало Караско
Хорхе Аравена Ернесто Мендиола
Луис Хавиер Хаиме
Луз Марија Херез Барбара

Драга непријателка на Балканот уреди

Надворешни врски уреди