Дорит Ахаронов (хебрејски: דורית אהרונוב; 1970) е израелски компјутерски научник од областа на квантната компјутеризација.

Дорит Ахаронов
ЖивеалиштеЕрусалим, Израел
Полињаквантна компјутеризација
УстановиЕврејски универзитет во Ерусалим
Образование
Теза„Noisy Quantum Computation“ (1998)
Докторски менторАви Вигдерсон
Мајкл Бен-Ор
Поважни наградиНаграда Крил за извонредност во научните истражувања
Надворешни видеоснимки
“A Feldenkrais Lesson for the Beginner Scientist: Professor Dorit Aharonov at TEDxJaffa”

Ахаронов дипломирала во 1994 година, на Еврејскиот универзитет во Ерусалим, со диплома по математика и физика.[се бара извор] Потоа магистрирала на Институтот за Наука Вајцман, со магистратура по Физика. Таа докторирала на компјутерски науки во 1999 година, на Еврејскиот универзитет во Ерусалим, а нејзината теза била насловена како „Бучна Квантна Пресметка“. Таа, исто така, завршила пост-докторат на одделот за математика на Принстоншкиот универзитет, како и на одделот за компјутерската наука на Берклишкиот универзитет, Калифорнија.[1] Била гостувачки професор на Институтот за Напредни Студии во 1998-99 година.[2]

Во 2005 година, Ахаронов била профилирана од страна на списанието „Нејчр“ како една од четирите „млади теоретичари ... кои прават бранови во нивните одбрани полиња“, а следната година ја добила наградата „Крил“ за извонредност во научните истражувања. Таа била поканета говорничка на Меѓународниот конгрес на математичари во 2010 година, во Хајдерабад на тема „Математички аспекти на компјутерските науки“.[3]

Истражување уреди

Истражувањето на Ахаронов главно се однесува на квантните информативни процеси, кои вклучуваат:[1][4]

  • квантни алгоритми
  • квантната криптографија и пресметковната комплексност
  • квантни исправки на грешки и толеранција на грешки
  • врски помеѓу квантната пресметка и квантните Маркови синџири и решетки
  • квантна Хамилтонова комплексност и нејзините врски со физиката на кондензирана материја
  • транзиција од квантната во класичната физика
  • разбирање на грешката која предизвикува забуна, со проучување на квантната комплексност.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Institute for Quantum Computing“. Посетено на 2011-02-16.
  2. Institute for Advanced Study: A Community of Scholars Архивирано на 6 јануари 2013 г..
  3. „ICM Plenary and Invited Speakers since 1897“. International Congress of Mathematicians. Архивирано од изворникот на 2017-11-08. Посетено на 2018-12-13.
  4. „Dorit Aharonov's Home Page“. Посетено на 2011-02-16.

Надворешни врски уреди