Дом на Црноглавите

градба во Рига, Латвија

Дом на Црноглавите (латвиски: Melngalvju nams, германски: Schwarzhäupterhaus ) – градба во стариот дел на Рига, Латвија[1]. Првичната градба била изградена во првата третина од 14 век за потребите на градските челници и трговци. Таканареченото Братство на Црноглавите, еснаф на неженетите германски трговци во Рига, се вдомило во зградата, а во 1713 година добило полна сопственост на истата. Поголеми работи биле изведени во 1580 и 1886 година, кога е додаден најголемиот број на украси.

Дом на Црноглавите
Melngalvju nams
Домот на Црноглавите
Карта
Општи податоци
Стилхоландска ренесанса
ГрадРига
ЗемјаЛатвија
Почната1344
Урната28 јуни 1941, 1948

Германското бомбардирање на 28 јуни 1941 година ја претворил градбата во урнатини, а остатокот бил уништен од Советите во 1948 година. Тековната реконструкција била изведена од 1995 до 1999 година [2]

Разгледница на гравура на Домот на Црноглавите (1891)

Наводи уреди

  1. „House of Blackheads“. Municipal Portal of Riga. Архивирано од изворникот на 2020-06-07.
  2. „Website of the Blackheads House“. Архивирано од изворникот на 2015-12-25.

Надворешни врски уреди