Долно Врачанско Езеро


Долно Врачанско Езеро — ледничко езеро во Македонија, едно од 27. езера на Шар Планина.[1]

Долно Врачанско Езеро

Карта

Површина 362 м2
Должина 27 м
Ширина 19,2 м
Обем 75 м
Длабочина 1 м
Надморска висина 2.180 м
Планина Шар Планина

Езерото се наоѓа превојот помеѓу Голема (2.582 метри) и Мала Враца (2.536 метри) на надморска височина од 2.180 метри.[2]

Местоположба и одлики уреди

 
Поглед на Долното Врачанско Езеро под гребенот на врвот Мала Враца

Заедно со Горното Врачанско Езеро ги сочинуваат Врачанските Езера. И ова езеро како Горното било безимено, но Душко Кривокапиќ го нарекол Долно, бидејќи се наоѓа на пониска надморска висина.[3]

Се наоѓа на 2.170 метри надморска висина. Езерото лежи во длабодолинка, односно мал но длабок цирк, на североисточната страна на Белокаменскиот Гребен,[4] непосредно под самиот врв Мала Враца. Басенот му е тркалест со изразито карпесто-каменесто дно, со пречник од 25 метри и со длабочина од нешто повеќе од еден метар.[5] Според податоците на македонскиот географ Александар Стојмилов, Долното Врачанско Езеро зафаќа површина од 625 м2 со должина и широчина од 25 метри, 75 метри должина на брегот и најголема длабочина од 0,50 метри.[6]

Всушност точната длабочина на Долното Врачанско Езеро изнесува нешто повеќе од 2,50 метри и претставува едно од подлабоките езера на Шар Планина. Исклучително големата длабочина се должи на длабочината на циркот во кој е насобрана водата која дотекува и истекува од потокот Тиха Вода. Непосредно веднаш на запад постои уште еден длабок цирк (вдлабнатина) која што е сува бидејќи во неа не дотекува вода. Податоците во научната литература, се однесуваат всушност на блиската и соседна локва оддалечена на 50 метри, која е погрешно идентификувана како Долно Врачанско Езеро, а самото ова езеро е исто така погрешно именувано како Горно.

Се одликува со многу бистра и извонредно студена вода која што поради исклучиво тревнатите брегови и непосредна околина, како и каменото дно и самата длабочина на езерото му дава многу убава и привлечна темнозелена и синкава боја, поради туристичко-промотивни цели тоа може да се именува и како Смарагдно Езеро. Водата ја добива преку влевање на мал слап (водопад) од истекот од горното езеро и се одлива исто така преку истек кој како поток под името Тиха Вода тече во долот помеѓу врвовите Голема и Мала Враца и како лева изворишна челенка се влева во реката Маздрача. Дотекувањето и истекувањето на водата, големата длабочина и близината на силните извори прават езерото да има исклучително студена вода. Блиску под езерото се наоѓа бачило, чиј добиток често се напојува од езерските води.

Мерења во 2020 г. уреди

Пред прогласувањето на новиот национален парк „Шар Планина“, во извршената студија за валоризација на паркот се дадени мерењата дека езерото има површина од 362 м2, длабоко е 1 метар, долго е 27 метри, а широко е 19,2 метри.[2]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
  2. 2,0 2,1 „СТУДИЈА ЗА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ШАР ПЛАНИНА“ (PDF). Министерство за животна средина. 2020. Посетено на 29 јануари 2022. line feed character во |title= во положба 31 (help)
  3. Кузман Најденоски: „Тетово во минатото“, издание од 1964 година. Печатница „Напредок“ Тетово
  4. Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година
  5. Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 58
  6. Стојмилов, Александар (2011). Географија на Република Македонија. Скопје: Универзитет за туризам и менаџмент. стр. 208.

Надворешни врски уреди