Договор на Насух-паша

Договорот на Насух-паша (персиски: عهدنامه نصوح پاشا, турски: Nasuh Paşa Antlaşması) — мировен договор потпишан на 20 ноември 1612 година помеѓу Османлиското Царство и Сефевидското Царство, преку кој завршила првата фаза од Отоманско-персиската војна (16031618).

Договор на Насух-паша

1612
Потпишан20 ноември 1612
Потписници Османлиско Царство
Персија

Позадина уреди

Претходно, шахот Абас Велики морал да го потпише договорот од Цариград од 1590 година кога загубил територии во северозападниот дел на Иран и Кавказ. По решавање на сопствените локални проблеми тој чекал погоден момент кога да си ги врати изгубените територии, а како шанса му се укажала кога на османлискиот престол бил поставен 14-годишниот Ахмед I. Османлиите претходно војувале во долгата и исцрпувачка војна со Светото Римско Царство и имала серија од востанија во Анадолија.

Договор уреди

Османлите и покрај тоа што во почетокот на војната имале успех, тие ги изгубиле своите команданти во Дијарбакир. Така Насух-паша морал да се согласи да потпише договор за прекин на војната[1].

Според договорот:

  • Османлиското Царство се согласило да ги врати сите територии кои ги добиле со договорот од Цариград во 1590
  • граничната линија станала линијата според договорот од Амасија од 1555 година
  • за возврат Персија се согласила да плаќа годишен данок 59.000 килограми свила[2].

Наводи уреди

  1. Prof.Yaşar Yücel-Prof Ali Sevim:Türkiye tarihi vol.III, AKDTYKTTK Yayınları, 1991, 43-44
  2. Shah Abbas however, committed himself to sent 59000 kilograms raw silk annually to the Ottoman King ... lifesciencesite.com