Догледање Луси е расказ од францускиот пистаел Анри Гуго. Расказот е објавен на македонски јазик во 2011 година, од издавачката куќа „Темплум“, како дел од збирката „Пат околу светот во 20 раскази“. Преводот на македонски јазик го извршила Наташа Ивановска.

Содржина уреди

Луси Кимби е весела и добра жена која ја сакаат сите соседи и колеги на работа. Таа е омажена со Жозе Кимби и со него живее среќен живот. Сепак, никој не знае дека таа е вештерка и дека има способност да се претвори во пчела, глушец итн. По десет години во брак, таа дознава дека нејзиниот маж има љубовница, а тоа е Вирџини Стоун, која живее стотина метри подалеку од нив. Кога нејзиниот маж ќе изјави дека мора да оди на службен пат, Луси се претвора во болва и се закачува зад неговото уво. Тогаш, Жозе оди кај Вирџини и и соопштува дека ја раскинува врската, бидејќи си ја сака својата жена. Слушајќи го тоа, Луси е пресреќна. Но, Вирџини му удира шлаканица на Жозе и притоа ја смачкува Луси. Збогувајќи се од Вирџини, Жозе по грешка изговара: „Догледање, Луси“.[1]

Наводи уреди

  1. Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ, Темплум, Скопје, 2011, стр. 222-226.