Довлатов е руски биографски филм за писателот Сергеј Довлатов.[1] Филмот, во режија на Алексеј Герман, премиерно бил прикажан на Берлинскиот филмски фестивал во 2018 година, каде ја освоил Сребрената мечка за извонреден уметнички придонес.[2]

Заплет уреди

Филмот прикажува неколку дена од животот на писателот Сергеј Довлатов во Ленинград во раните 1970-ти години, пред емиграцијата на неговиот пријател, идниот добитник на Нобеловата награда, Јосиф Бродски. Сергеј Довлатов се бори да ги зачува својот талент и достоинство додека гледа како државата ги уништува уметниците.[1] Погледот на Довлатов кон светот е надвор од границите на тогашниот Советски Сојуз, поради што официјалните медиуми го отфрлаат неговиот ракопис и го означуваат како непожелен. Преку филмот, го запознавме приватниот живот на писателот - неговата врска со поранешната сопруга Елена и ќерката Катја.

Продукција уреди

Филмот е создаден како руско-српско-полска копродукција. Филмот е во копродукција на белградската куќа Арт и попкорн и Мирослав Могоровиќ.[3]

Улоги уреди

Глумец Улогата
Милан Мариќ Сергеј Довлатов
Данила Козловски Давид
Хелена Сујецка Елена Довлатова (сопруга)
Ева Хер Катја Довлатова (ќерка)
Елена Лјадова млад уредник
Артур Бесчастни Јосиф Бродски
Антон Шагин Антон Кузнецов
Игор Митјушкин Шолом Шварц
Тамара Оганесјан Нора Довлатов (мајка)

Награди уреди

  • Награда на независно жири за Берлинер Моргенпост на Берлинскиот филмски фестивал 2018 [4]
  • „Сребрена мечка“ за извонредни достигнувања во областа на кинематографијата - продуцентка Елена Окопнаја [5]
  • Награда „Златен орел“ за 2018 година во номинацијата за најдобра глумица во споредна улога [6]
  • Награда Ник за 2019 година во номинацијата „Најдобро уметничко дело“ [7]
  • Европска ѕвезда во подем Милан Мариќ за неговата улога во филмот [8]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Довлатов“. Филмски центар Србије. Архивирано од изворникот на 2021-02-13. Посетено на 5. 2. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. Берлински филм фестивал,архива 2018. године (награде)
  3. Спутњик - „Довлатов“ у ужем избору ЕФА за најбољи филм
  4. „Нова газета - Довлатов добитник награде Независног жирија“. Архивирано од изворникот на 2022-03-10. Посетено на 2021-02-08.
  5. Комерсант - Продуцент филма освојила Сребреног медведа у Берлину
  6. Филмска академија, лауреати награде Златни орао
  7. Руска газета - Награда „Ника” 2019
  8. Мондо - Милан Марић, награда на Берлин филм фестивалу

Надворешни врски уреди